Почетна » Џет сет » Музика » Мартија ќе ја претставува Македонија на детскиот Евросонг

Мартија ќе ја претставува Македонија на детскиот Евросонг

Музика

Мартија Станојковиќ која се прослави на талент шоуто „Пинкови ѕвездички“ ја промовираше песната со која ќе ја претстави Македонија на годинешниот јуниорски Евросонг.

Инаку, 14-тиот по ред детски Евросонг годинава ќе се одржи во Валета, на Малта, а пријавени се 17 учесници. Нашата Мартија ќе настапи со песната „Love will lead our way“, а ние и посакуваме многу среќа и да се покаже во најдобро светло.