Почетна » Рецепти » Зимница » Мармалад од смокви

Мармалад од смокви

Зимница

Вистинско време е за овие слатки и здрави плодови, па зошто да не ги сочувате и за зимските денови, со овој едноставен рецепт за вкусен мармалад.

Состојки:

1 килограм смокви

400 грама шеќер

4 лажици сок од лимон

2 ванилин шеќер

1 лажичка цимет

3 лажици рум

Излупете околу 800 грама од смоквите, додајте им го шеќерот и лимоновиот сок и оставете ги преку ноќ да отстојат во фрижидер.

Наредниот ден ставете ги во лонец, иситнете ги донекаде со миксер или блендер и варете ги на умерен оган, со повремено мешање, околу еден час. На десетина минути пред крај додајте ги циметот, ванилата и румот.

Полнете го во загреани тегли, и затворете ги прво со целофан, па потоа со капакот од теглата. Оставете ги да се изладат во рерната откако ќе ја исклучите.