Почетна » Рецепти » Зимница » Мармалад од јаболка и кафе

Мармалад од јаболка и кафе

Зимница

Сигурно и вие сте од оние кои ги прават најчестите рецепти за мармалади, како што е тој од црни сливи.

Ако сакате да пробате некој нов рецепт, пробајте го мармаладот од јаболка и кафе.

Потребни состојки:

1 кг јаболка

800 мл кафе

80 гр шеќер

2 лимони

2 портокали

100 мл рум

Начин на подготовка:

Свареното и добро исцедено кафе ставете го повторно да зоврие. Додајте ги изренданите јаболка, шеќерот и сокот од лимоните и портокалите. Кога смесата ќе се згусне, додадете го румот и убаво промешајте. Загреаните тегли полнете ги со загреана лажица, а потоа добро затворете ги.