Почетна » Рецепти » Коктели » Марлен Дитрих

Марлен Дитрих

Коктели

Овој гламурозен пијалак го добил името по филмската и модна дива на 20-тиот век – Марлен Дитрих.

Потребни состојки:

– една и пол доза виски

– половина доза ликер од портокал

– три сипувања Ангостура битер

и кора од портокал и лимон за арома.

Почнуваме со сипување на измерените количества виски, ликер од портокал и Ангостура битер во чашата од шејкерот. На состојките потоа им се додава мраз, а мраз се става и во чашата за послужување. Многу е важно да има многу мраз за да се излади пијалакот и да се разблажи до соодветната густина.

Силно се протресува шејкерот за да се искрши мразот и да се измешаат состојките. Низ цедалка ја сипуваме мешавината во чашата со мраз, за да не влезат парченца мраз во пијалакот.

За арома, земете портокал и лимон и излупете малку од кората. Внимателно отстранете го белиот дел од кората, за полесно да дојдете до цитрусното масло.

Стиснете ја кората над пијалакот за цитрусното масло да се измеша со содржината. Не заборавете со кората да го поминете и работ на чашата за да ја почувствувате цитрусната арома при првото вкусување на пијалакот.