Почетна » Рецепти » Главни јадења » Маникоти – макарони на италијански начин

Маникоти – макарони на италијански начин

Главни јадења

Ако мислите дека само тестенините не се доволни за богат ручек и сакате да пробате нешто поинакво, нема да згрешите ако се потпрете на италијанската кујна. Со моцарела, мелено месо и кулен, вашите макарони во рерна ќе бидат нешто сосема различно од се што сте пробале досега.

Состојки:

1 ќесичка макарони

400 грама мелено месо

400 грама кулен/чајна на тенки ливчиња

200 грама конзервирани или свежи печурки

1 литар сос за шпагети (2 пакувања доматен сос)

650 грама исечкана моцарела

1 чили пиперка за љубителите на пикантниот вкус.

Загрејте ја рерната на 175 степени. Во меѓувреме сварете ги макароните во солена вода додека не бидат „ал денте“, не премногу меки, варени околу 10-15 минути.  Исцедете ги и ставете ги настрана.

Во голема тава за пржење на умерен оган пропржете ги меленото месо и куленот, па потоа префрлете ги во тавата за печење. Додајте ги печурките, доматниот сос и сварените макарони. Одгоре ставете ја моцарелата и лутата пиперка. Печете во загреана рерна додека не почне да се вцрвува сирењето, односно околу 20 минути. Уживајте во вкусот и аромата на италијанската кујна во вашиот дом.