Почетна » Нега » Фитнес » Пет трикови контра дебелеењето

Пет трикови контра дебелеењето

Фитнес

Во напнатото опкружување во кое живееме денес, покрај гладта, која е главен фактор за конзумирање повеќе калории, значаен удел во прекумерното јадење имаат и уморот, досадата и најразлични фрустрации.

Ако успеете во вашиот пренатрупан распоред да ги вметнете овие неколку трикови, имате сериозни шанси да го запрете дебелеењето, додека за слабеење постојат посебни режими.

Многу проучувања покажале дека најчесто јадеме за да го смениме вкусот во нашата уста. Ако и вие го правите тоа, барем избегнувајте ги слатките работи, а можете да си земете  ментол бонбона или гума за џвакање, кои ги има и без шеќер, каснете некое вкусно овошје кое ќе ги стимулира вашите сетила, или, едноставно, измијте ги забите.

Луѓето кои го полнат фрижидерот со неквалитетна храна, во себе внесуваат големо количество калории. Во прв момент, нормално, тоа што го немате дома, нема ни да го јадете. Секако, понекогаш можете да се почестите со вашиот омилен десерт, но во умерени количества.

Слатките создаваат зависност, кога ќе каснете едно колаче, морате да земете уште неколку. Затоа, тие никако не смеат да ви бидат прв оброк. Ако баш не можете без нив, барем оставете ги за доцна попладне.

Најдобар начин да не јадете после вечерата, е да ги измиете забите. Така ќе ја избегнете потребата за благо цела вечер.

Според светските проучувања, сокот од зеленчук го намалува апетитот. Затоа напијте се една чаша пред јадење и сами ќе се уверите колку помалку калории ќе внесете при оброкот, а ќе бидете поздрави и поенергични од кога и да е.