Почетна » Рецепти » Салати » Макалото на Крали Марко

Макалото на Крали Марко

Салати

Макалото е едно од најубавите традиционални јадења, при што некои повеќе го преферираат како мезе додека конзумираат алкохол, а некои како главно јадење.

Оваа варијанта со суви пиперки и ореви го прави достапно за секоја софра и во секое годишно време. Рецептот што го објавуваме е дело на велосипедистот Слободан Трајковски, познат како човекот што со години наназад е предводник на македонската навивачка експедиција на Тур Д`Франс, а првенствено беше објавено на страната www.karas4training.com

Состојки:

1/2 килограм компири

10-15 сушени пиперки

150 грама ореви

1 главица лук

сол, масло за јадење

Постапка:

Компирите и сувите пиперки се варат и се лупат. Лукот и оревите се толчат убаво со едно лажиче сол, па потоа во толчникот се додаваат и пиперките и компирите.

Пробајте го макалото за сол, ако треба дотурете, а на крај попарете го со врело масло. Со малку сиренце и топло селско лепче, нема поубаво домашно јадење.