Почетна » Семејство » Деца » Мајчинската љубов поттикнува побрз раст на мозокот кај децата

Мајчинската љубов поттикнува побрз раст на мозокот кај децата

Деца

Иако и досега беше познато дека стабилниот семеен живот придонесува за подобар развој на децата, ова е прво истражување кое докажува дека мајчинската љубов од најрана возраст има значително влијание на големината на мозокот кај децата.

Децата кои добивале најмногу поддршка од своите мајки во предшколска возраст имале најголем раст во хипокампусот, кој се поврзува со слушањето, меморијата и регулирање на емоциите. За жал, кај децата кои биле позапоставени на возраст помала од шест години, таа разлика не можела да се надомести иако мајките им дале поголема поддршка во подоцнежните години.

„Односот родител-дете во предшколскиот период е од клучно значење, дури е поважен и од времето кога детето е постаро,“ вели првиот автор на студијата, д-р Џоан Луби, детски психијатар од Универзитетот Вашингтон. „Тоа е затоа што мозокот е попластичен кога децата се помали и повеќе може да се влијае на него со искуства во најраната возраст. “

Во студијата биле следени 127 деца од моментот пред да почнат на училиште до рана адолесценција, и биле скенирани нивните мозоци. Од друга страна, на мајките им била дадена задача да го спречат детето да отвори привлечен подарок додека тие работат нешто друго. Тие мајки што успеале да се концентрираат и да ја завршат дадената задача се сметале за способни да дадат емотивна поддршка на своите деца.

По скенирањата на мозокот, научниците откриле дека децата чии мајки повеќе ги поддржувале имале речиси двојно поголем хипокампус отколку децата чии мајки имале подпросечен резултат на тестот за поддршка.

Значи, сега кога е јасна поврзаноста на мајчината грижа со интелигенцијата и емотивната стабилност на децата, треба да се најде начин како да им се помогне на мајките да најдат повеќе време и трпение за да им ја пружаат потребната љубов и грижа на своите најмили.