Почетна » Сештоманија » Телоговор » Луѓето со изразена смисла за хумор се поинтелигентни

Луѓето со изразена смисла за хумор се поинтелигентни

Телоговор

Дали би можеле да кажете некоја смешна приказна ако тоа се бара од вас, или ги засмевате пријателите, но се срамите пред непознати, или само го цените добриот хумор?

Според последните истражувања, без оглед дали вие сте ја предизвикале смеата или едноставно сакате да чуете добра шега, и двете однесувања се знаци на натпросечна интелигенција.

За студијата на Универзитетот на Њу Мексико и Универзитетот на Западно Онтарио, истражувачите проучувале група студенти на кои им била дадена хумористична задача – да создадат измислени профили на луѓе според некои основни дадени информации.

Учесниците во истражувањето потоа рангирале колку смешни биле одговорите на другите учесници, и од нив било побарано да решат тестови за општа интелигенција, отвореност, совесност, друштвености и невротичност.

Истражувачите откриле дека општата интелигенција е силна предиспозиција за хумор, без оглед на другите променливи, па заклучиле дека хуморот е знак на скриените когнитивни способности.

Во друга студија на Унивезритетот Бакнел, истражувачите проучувале 3 променливи: креативноста, интелигенцијата и смислата за хумор и откриле дека додека креативноста и интелигенцијата се независни една од друга, хуморот е поврзан и со креативноста и со интелигенцијата.

Потврда за ова тврдење, меѓу другите е и теоретичарот за физика и космолог Стивен Хокинс, кој иако е парализиран затоа што боледува од АСЛ, е еден од десетте најпаметни луѓе во светот со коефициент на интелигенција 160, а е познат по својата изострена смисла за хумор.