Почетна » Рецепти » Коктели » Домашен ликер со инстант кафе

Домашен ликер со инстант кафе

Коктели

Еве еден домашен ликер кој може да го послужувате цела зима кога ќе ви дојдат гости, особено женски 🙂

Состојки:

4 шолји вода

4 шолји шеќер

3/4 шолја гранули нес кафе (или кое било друго инстант кафе)

1 до 2 ќесички ванилин шеќер

4 шолји ракија или вотка

Водата и шеќерот да зовријат, и потоа да се варат на тивко 10 минути за да се стопи шеќерот, се трга настрана и со мешање се додава инстант кафето. Мешавината се остава убаво да се излади, па потоа се додава ванилата и ракијата, за да не ви испари ако ја додадете на топло. Претурете го ликерот во чисти шишиња, убаво затворете го и чувајте го на ладно и темно место. Уживајте умерено 🙂