Почетна » Рецепти » Коктели » Ликер од мандарини

Ликер од мандарини

Коктели

Сезона е на мандарините, па ако сте нивни љубител, покрај тоа што можете да уживате во нив свежи, нивната арома ќе ја сочувате цела зима ако го приготвите овој вкусен и мирислив домашен ликер од мандарини.

Потребни состојки:

20 мандарини

20 лажици шеќер

900 мл лозова ракија или вотка

Петнаесет мандарини ги лупите и ги одделувате на парчиња. Од петте останати исцедете го сокот. Убаво измијте и извријте една голема тегла. Редете во неа ред мандарини, па шеќер, и така додека не ги потрошите. На крај прелијте ги со сокот од исцедените мандарини, па потоа сипете ја ракијата.

Теглата убаво затворете ја и чувајте ја на сончево место. Одвреме навреме протресете ја за да се измешаат состојките. По еден месец, исцедете го ликерот и префрлете го во некое декоративно шише.

За потемна боја и специфичен вкус можете да користите и кафеав шеќер.