Почетна » Рецепти » Коктели » Домашен ликер од јагоди

Домашен ликер од јагоди

Коктели

Искористете ја сезоната на јагоди за да можете и во студените зимски вечери да ги послужите своите гости со овој ароматичен ликер.

Состојки:

350 мл вино розе

250 грама шеќер

350 грама јагоди

100 мл вотка или ракија

Ако сакате да направите поголемо количество, слободно удвојте ги состојките.

Прво се загрева виното во тенџере на ниска температура, а јагодите се мијат и се сечкаат на половини или четвртини. Потоа се преливаат со загреаното вино, се затвораат со капак и се оставаат да стојат така 48 часа.

Кога ќе помине тоа време, исцедете ја течноста, а јагодите тргнете ги настрана (можете да ги јадете, само не претерувајте, затоа што се со алкохол). Лонецот со течност ставете го да проврие, додајте го шеќерот, тргнете го од рингла и мешајте додека не се стопи шеќерот. Оставете го да се излади. Во изладената течност додајте ја вотката, измешајте и можете веднаш да уживате во ликерот.