Почетна » Рецепти » Салати » Летна салата со компири

Летна салата со компири

Салати

Салатата од компир, туна и маслинки е вистински избор за предјадење, но и за главен оброк за време на летото. Мора да ја пробате.

Состојки:

750 гр млад компир

2 конзерви туна во парчиња

1 лажица исецкан магдонос

85 гр маслинки полнети со пиперка

100 гр пченка од конзерва

1 лажица власец

60 мл маслиново масло

1 лажица винска киселина

сол

пипер

Подготовка:

Младиот компир варете го во посолена вода, додека не омекне. Исцедете го и оставете го да се излади. Исецкајте го на коцки и ставете го во голема чинија. Додадете ја туната, исецканиот магдонос, исецканите зелени маслинки, пченката и власецот.

Во посебен сад добро измешајте го маслиновото масло, киселината и пиперот, па прелијте го врз салатата. По потреба посолете.