Почетна » Љубов » Искуства и совети » Летен одмор: Пријателките пред момчето!

Летен одмор: Пријателките пред момчето!

Искуства и совети

Едно американско истражување покажало дека девојките кои се во врска сакаат да одат на летен одмор со пријателките, при што дури 60% од нив би се одвоиле и од партнерот!

Освен што другарките се подобро друштво, неможноста да најдат заеднички јазик со партнерот околу можната дестинација се втора пречка на листата, а заедничките слободни денови следуваат на третото место. Од анкетираните девојки, секоја петта (20%) признава дека би го оставила своето дете со партнерот додека е со пријателката на летен одмор, додека пак 10% од испитаните признаваат дека заминуваат на одмор со пријателките за да избегаат од секојдневната рутина.

Поголемиот број девојки кои немаат партнери можат да се радуваат на резултатите од овие истражувањa бидејќи не им е пријатно кога пријателките ги канат да одат на одмор со нив и нивното момче. Исто така, во последно време популарни се и женските викенди, во кои се подразбира краткотрајно бегство од секојдневието. Најчесто, ваквиот вид одмор го практикуваат младите мајки.