Почетна » Рецепти » Бели печива » „Лажен“ бурек со месо

„Лажен“ бурек со месо

Бели печива

Оваа лесна пита со месо е без кори, но вкусот неодоливо асоцира на бурек со месо, а сите ќе бидат воодушевени колку брзо сте направиле вкусен појадок или богата вечера.

Состојки:

400 грама мелено месо

1 главица кромид

4 јајца

150 мл јогурт

100 мл павлака за готвење

200 грама брашно

1 прашок за пециво

сол, бибер, зачин

масло, малку путер или маргарин

На малку масло пропржете го ситни исецканиот кромид, па додајте го меленото месо и нека се динста 10 минути. Зачинете го по вкус, и тргнете го од оган да се излади.

Одвојте ги белките од жолчките. Белките изматете ги со малку сол. Посебно изматете ги жолчките, па додајте ги јогуртот и павлаката за готвење, а на крај и меленото месо. Во оваа смеса додајте го брашното измешано со прашокот за пециво, а потоа половина од снегот од белките, па внимателно измешајте го. На крај додадете ја и втората половина од белките и убаво измешајте.

Добиената смеса ставете ја во тава намачкана со малку путер или маргарин и посипана со брашно. Печете во рерна загреана на 200 степени околу 30 минути. Печената пита исечете ја на парчиња и сервирајте ја со јогурт или салата од кисела зелка.