Почетна » Семејство » Дом » Кревет кој сам се мести (видео)

Кревет кој сам се мести (видео)

Дом

Конечно, измислен е паметен кревет кој сам се мести секое утро, што уште може да посака човек? Шпанската компанија за мебел „ОХЕА“ не употребила високо технолошки решенија, како што е паметниот душек кој ви кажува колку здраво спиете, туку се обидела да го реши овој стар проблем на многу едноставен начин. Така, сега, можете да одите да си миете заби, на пример, а кога ќе се вратите, креветот ќе ви биде наместен.

Креветот функционира на следниов начин: кога ќе станете од него, сензорот за тежина може да регистрира тоа и да го започне целиот процес. Најпрво, јажиња ги повлекуваат перниците нагоре, а потоа роботска рака ги влече чаршавите од страните додека не биде покриен целиот кревет. Откако ќе заврши ова, јажињата повторно ги пуштаат перниците на креветот и вие имате совршено наместен кревет за помалку од 60 секунди. Веќе никој нема да ви вика зошто не сте си го наместиле креветот 🙂