Почетна » Рецепти » Салати » Крем салата со сусам

Крем салата со сусам

Салати

Ова чудо на природата кое успева каде што не успеваат другите житни растенија, нам ни е добро познато како вкусен додаток за кифли, пити и салати. Сусамот потекнува од Африка и дури 50 насто од неговиот состав се масти, но изобилува со антиоксиданси и протеини. Затоа решивме да ве почестиме со еден лесен начин за подготовка на вкусна салата од сусам.

Потребни состојки:

2 јајца

100 грама сусам

1 павлака

300 грама урда

2 лажици мајонез

Јајцата се варат тврдо и се рендаат. Сусамот се потпржува. Се замешува една павлака со 300 грама урда 2 лажици мајонез и се додаваат јајцата и сусамот. Убаво е ако ја изјадите салатата пред да ја послужите.