Почетна » Рецепти » Салати » Крем салата Рамајана

Крем салата Рамајана

Салати

Има причина зошто оваа салата е именувана по големиот индиски еп. Нејзиниот егзотичен вкус ќе ве пренесе далеку, во земјата на Буда.

За карито знаеме дека е зачин донесен во Европа во времето кога Индија била британска колонија. Но можеби е помалку познато дека тој е мешавина од зачини, од кои главен е куркумата, растение кое има докажано влијание за подобрување на работата на црниот дроб и жолчката. Кој да и одолее сега на Рамајана.

Потребни состојки:

350 грама ориз

300 грама печурки

600 грама пилешко месо

100 грама пржени кикирики

2 свежи зелени пиперки

5 грама кари

2 павлаки

2-3 лажици мајонез

Оризот се вари и се цеди. Печурките се динстаат, па се цедат и се сецкааат. Пилешкото месо се вари и се сецка. Се сецкаат и кикириките и зелените пиперки. Сите состојки се замешуваат, па им се додава карито, павлаката и мајонезот, и на крај се става во фрижидер за да се излади пред послужување.