Почетна » Нега » Лице и тело » Кралот на веѓите

Кралот на веѓите

Лице и тело

Дали сте чуле за Дамон Робертс? Човекот си има интересен занает, и многу познати ѕвезди како Мадона, Бијонсе, Гвинет Потроу, Меган Фокс, Ванеса Вилијамс, Менди Мур, Алиша Кис, па дури и меѓу машките ѕвезди, како најновиот Шерлок – Роберт Дауни Џуниор, на ред се редат за да им ги среди – веѓите.

Филозофијата на Дамон е дека секоја личност си има своја индивидуална убавина, и секое лице заслужува да има совршена рамка. Според него, добро обликуваните веѓи можат да направат да изгледате значително помлади, зашто густите веѓи се симбол на младоста. Покрај тоа, Дамон има и своја колекција за нега и одржување на веѓите, гелови и слично, а богами и свои салони на Беверли Хилс и Менхетн, каде нуди и надградба на веѓи и трепки, козметички третмани и депилација.

eyebrows-1-480x162

И како што би рекла една пријателка од Тетово, за да не личиме на „печински људи“ 🙂 треба да си седнеме на едно од столчињата долу во неговиот салон, што малку наликуваат на справи за мачење и ќе го добиеме совршениот лак над нашите огледала на душата. А цените, за средување веѓи, кај помошниците на Дамон се само 50 долари, кај него 150, шминка за невести, за само 250 долари :), но ќе изгледате како холивудска дива!

damone