Почетна » Сештоманија » Феномени » Кралицата за која беа сменети правилата во шахот

Кралицата за која беа сменети правилата во шахот

Феномени

Шпанската кралица Изабела, монархот кој ја обедини Шпанија и го испрати Кристофер Колумбо да открива нови територии, исто така била и инспирација за фигурата на кралицата во современиот шах.

Инаку, шахот во Шпанија го донеле Арапите кога ја освоиле оваа територија во осмиот век, но дури кон крајот на петнаесеттиот век, кога Изабела била на врвот од својата моќ, шаховската кралица станала најмоќна фигура. На почетокот, оваа фигура била многу послаба и можела да се движи само по две полиња. Околу 1475 година, кога Изабела била крунисана за кралица на Кастиља, фигурата станала женска, но можела да се движи само по едно поле, како кралот.

Дури во 1495 година, кога Изабела станала најмоќната жена во Европа, биле воспоставени шаховските правила кои важат до денес, во кои кралицата се движи во сите насоки и по повеќе полиња на таблата и е најсилната фигура во шахот.

chess

Оваа аналогија не е случајна, затоа што Изабела била помоќна дури и од нејзиниот сопруг, кралот Фердинант, но сепак кралот бил најважен, како и во шахот, каде кралицата е најсилната фигура, но играта завршува само ако биде поразен кралот.

Останува само да се прашаме дали некој настан во иднината би бил толку важен за да предизвика промена во правилата на играта каква што ја знаеме денеска.