Почетна » Рецепти » Коктели » Космополитан како во Њујорк

Космополитан како во Њујорк

Коктели

Кој гледал „Сексот и градот“, а никогаш не пиел „Космополитан“, веднаш да надомести за пропуштеното. А ако кога ќе се спомне брусница, помислувате на чај, не сте и дале крилја на имагинацијата. Нејзиниот сок се употребува дури и во славниот „Космополитан“ коктел,  кој можете да си го приготвите и сами.

Потребни состојки:

-една и пол доза вотка со лимон

-една доза ликер од портокал

-една доза свежо исцеден сок од зелен лимон

-три сипувања битер од портокал

-1 и ¼ доза сок од брусница

и кора од портокал за арома.

Прво ги мериме и тураме сите состојки во чашата од шејкерот. Откако ќе ги ставиме вотката со лимон, ликерот од портокал и сокот од зелен лимон, додаваме битер од портокал и најважната состојка, сок од брусница. Ставаме многу мраз за да се излади мешавината, го затвораме шејкерот и убаво го протресуваме. Така не само што се лади мешавината, туку и се разредува до потребната густина.

Коктелот се сипува во изладената чаша преку цедалка, за да не влезе мраз во готовиот пијалак. За украс, сечеме кора од портокал и го отстрануваме белиот дел. Потоа кората се потпалува над пијалакот и со неа се поминува работ од чашата за дополнителен вкус.