Почетна » Сештоманија » Интернет » Корисниците на Yahoo се повикани да сменат лозинки

Корисниците на Yahoo се повикани да сменат лозинки

Интернет

Компанијата Yahoo била жртва на хакерски напад во 2013 година, кога биле украдени податоци од една милијарда корисници, поради што ова се смета за најголемиот удар од сајбер-криминалците во историјата.

Ова било откриено неодамна откако завршила истрагата во која се сомничеле непознати сторители за кражба на податоци на 500 милиони корисници, но во 2014 година. Се претпоставува дека во податоците се украдени имиња, електронски адреси, телефонски броеви, поштенски адреси, дати на раѓање и бројни други податци, пренесува „Би-Би-Си“.

Сите корисници на оваа мрежа се повикани да направат промени на своите лозинки и да ги нагодат безбедносните алатки кои се нудат.