Почетна » Сештоманија » Интернет » Корисничка поддршка преку социјални мрежи

Корисничка поддршка преку социјални мрежи

Интернет

Социјалните мрежи се погоден медиум за корисничка поддршка, смета авторот Гери Вајнерчук во својата книгa „Благодарам економија“ (Thank you economy).

Самиот тој е успешен претприемач во „дот-ком“ бизнисот, развивајќи интернет продавница за алкохол и вино, а основата за успех ја гледа одличната корисничка поддршка. Пишувајќи за новите трендови, тој го потцртува односот кон купувачите како еден од најважните моменти за бизнисот, при што ги исмева компаниите со повикувачки центри каде што операторите работат со утврдена скрипта и немаат авторизираност вистински да му помогнат на потрошувачот. Социјалните мрежи ја враќаат силата на зборот кој што се пренесува од човек на човек, наспроти сувопарната еднострана комуникација преку класичните маркетинг медиуми каде што се слуша само добрата страна за нештата.

Ова е потврдено и со најновата студија на агенцијата Нилсен, каде што за се укажува дека 47% од корисниците на социјалните мрежи се поврзуваат со брендовите кои ги употребуваат, како еден вид на поддршка на корисниците, а еден од тројца корисници префереираат да ја контактираат компанијата преку оваа форма, отколку преку телефон.