Почетна » Сештоманија » Шопинг » Колку ќе ве чини кригла пиво низ светот

Колку ќе ве чини кригла пиво низ светот

Шопинг

Ако не можете да си замислите вечера во ресторан или излегување со пријателите без пиво, бидете подготвени, зашто во некои земји оваа слабост ќе ве чини поскапо отколку во други. Според истражувањата на „Дојче Банк“ за трошоците на живот низ светот, цените значително варираат во зависност од тоа дали живеете во некоја од најголемите и најпопуларни светски метрополи. Еден од изворите кој го користеле е „Експатистан“, веб-страница за споредување на цените во големите градови низ светот.

Така, за 0,5 литри пиво во Париз, Сингапур и Њујорк ќе платите дури 7 долари или речиси 400 денари, најефтино ќе си поминете во Манила и Јужна Африка, каде што овој пијалак се нуди за помалку од 2 долари или 110 денари, додека во Германија и Русија ќе платите околу 200 денари. Меѓу најефтините градови во Европа каде пивото е околу 100 денари се Киев и Краков.

beer-chart