Почетна » Нега » Коса » Колку чини потстрижување низ светот

Колку чини потстрижување низ светот

Коса

Сигурно ви било необично кога вашата пријателка од Словенија ви кажала дека оди во Хрватска на фризер. Причината е едноставна, големата разлика во цените на ваквите услуги од една до друга земја.

Компанијата за финансиски услуги УБС направила истражувања низ цел свет и дошла до следниве резултати, прикажани на двете табели подолу. Само во САД, потстрижување може да ве чини од просечни 26,3 долари во Мајами до речиси трипати повеќе 73,3 долари во Њујорк!

Разликите се уште поголеми ако го погледнете остатокот од светот. Во Џакарта, Индонезија, обично скратување на косата ќе ве чини 4,6 долари (околу 200 денари, ви звучи познато? ) Но дефинитивно оваа услуга најскапо ќе ве чини на север, во Осло, Норвешка, каде што би ви наплатиле дури 95 долари, што не е ни чудо, во скапите градови, каде што и платите се релативно високи, како што се и Цирих и Женева.

1452112914-women-haircut-1

Уште еден интересен факт: често има и голема разлика меѓу потстрижувањата за жени и мажи. „Во Џакарта и Хонг Конг, жените плаќаат во просек речиси исто колку мажите, додека во Даблин и Каиро, цените за женско потстрижување се речиси трипати поголеми отколку таа услуга за мажите,“ изјави главниот економист на УБС Андреас Хофтер за „Бизнис инсајдер“. „Оваа неурамнотеженост постои низ цела планета, така што женските потстрижувања просечно чинат 40 насто повеќе од машките.“

1452113052-men-haircut-1

Оттука нам ни доаѓаат две бизнис идеи на памет, прво – отворање фризерски салон во Норвешка, или второ – развивање козметички туризам, односно организирани посети на жени од соседни земји за разубавување по пристапни цени во салони во нашата земја 🙂