Почетна » Љубов » Секс » Која летна храна содржи афродизијачки својства?

Која летна храна содржи афродизијачки својства?

Секс

Дел од намирниците кои се типична летна храна на нашиве простори влијаат на сексуалната потенција кај мажите.

Овошје

Лубеницата е првото овошје на листата поради фактот дека содржи цитрулин, состојка која го зголемува производството на нитрик-оксид, а со тоа го зголемува протокот на крвта и ја засилува ерекцијата. Црешите се наоѓаавт во ова друштво поради флавоноидите кои се типични за црвените, пурпурните и сините овошја, кои пак имаат влијание преку чистење на слободните радикали од артериите, што исто така влијае врз подобрувањето на циркулацијата. Бананите содржат потасиум, корисен за ѕидовите на крвните садови, а воедно се смета дека го регулира крвниот притисок, спречувајќи негово паѓање.

Морска храна

Школките одамна се сметаат за афродизијак, бидејќи се најбогата храна со цинк, а тоа не само што е добро за циркулацијата, туку и за зголемено производство на тестостеронот. Нивото на цинк кај одредени типови на школки може да варира, при што на оние видови кои потекнуваат од Далечниот Исток им се припишува поголема содржина. Лососот е вброен на оваа листа бидејќи има трикратно дејство: зголемување на производството на нитрик-оксид, што пак се должи на омега 3 масните киселини. Според една студија за зголемување на плодноста, еден грам од омега 3 масните киселини се препорачува на дневно ниво, што пак може да се добие со јадење едно парче лосос од 75 грама.

Зачини

Една од главните карактеристики на медитеранската храна е користење на маслиновото масло и лукот, две состојки кои се „пријатели“ на машката ерекција. Лукот претставува најголем поттик за циркулацијата на крвта во пенисот и ги релаксира крвните садови, а има улога и при зголемување на производството на нитрик-оксид. Маслиновото масло пак го поттикнува нивото на тестостерон. Ѓумбирот исто така има анти-воспалителни својства, но истовремено ги чисти крвните садови од слободните радикали, со што ги релаксира и ја подобрува циркулацијата. Количина во форма на едно мало лажиче треба да се конзумира неколку пати во текот на седмицата за да се користат придобивките на ѓумбирот. Индиско оревче се вбројува во природните афродизијаци кои го подобруваат либидото, пред се поради тоа што содржи миристинска (тетрадеканоинска) киселина, која го стимулира производството на нитрик-оксид, а ја има и во кокосовото масло.

Јаткасто овошје

Оревите содржат амино киселини (Л-аргинин), кои пак се составен дел од изградбата на веќе споменатиот нитрик-оксид. Студија објавена како дел од истражување во третирање на импотенцијата покажала дека конзумирање на фстаци (една рака на ден) доведува до подобрена ерективна функција, сексуална сатисфакција, огразмична функција и сексуална желба. Сето ова се должи на фактот дека овие плодови содржат аргинин. Бадемите пак, се богати со витамин Е, кој што според уролошките истражувања во Велика Британија, го подобрува производството на нитрик-оксид.

„Зимска“ храна

Сепак, не треба да очајувате ако претходно набројаната храна ја има само во определено годишно доба. Нутриционистите поради слични својства имаат листа и на друга храна, која од наш аспект повеќе делува како дел од „зимското мени“. Алкохолот во умерена количина од една-две чашки може да има позитивно дејство на ерективната функција, додека поголеми количества всушност доведуваат до намалено производство на нитрик-оксид. Црвеното вино од регионите со потопла клима е најдобар тип на алкохол според некои истражувања на професори од калифорнсиот универзитет UCLA, поради поголемата содржина на анти-оксиданти. Црното чоколадо содржи флавоноиди кои ги прошируваат артериите, па истиот американски универзитет препорачува 50 грама на ден за 10% зголемена циркулација. Путер и други млечни преработки кои содржат витамин К2 (најчесто се верува дека тоа е млекото на говедата кои паселе природна трева), го намалуваат ризикот од коронарни заболувања за 50%. Се што е добро за срцето и за циркулацијата, се претпоставува дека има добро влијание и врз ерекцијата.