Почетна » Сештоманија » Феномени » Кој вид на цвеќе какво значење има

Кој вид на цвеќе какво значење има

Феномени

Во Англија уште од Викторијанско време при подарувањето цвеќиња се посветувало големо внимание на тоа што значи кој вид на цвеќе. Веруваме дека пред Денот на вљубените добро би ви дошло да го знаете тајниот говор на најпопуларните видови цвеќиња.

Camellia-13

Камелија – Викторијанците многу ги сакале овие впечатливи, богати цветови и нив им било дадено значењето „мојата судбина е во твои раце“.

Зумбул (хијацинт) – Заради потеклото на митот за Аполо и Хијацинтус (во кој првиот несакајќи го уби вториот) виолетовата верзија на овој цвет значи „те молам, прости ми“.

Каранфил – Овие цветови не се многу угледни, но ако сакате да ги подарувате, одберете бели каранфили („слатка и прекрасна“) или розеви („никогаш нема да те заборавам“). Оние што се во две бои значат „не можам да бидам со тебе“, а жолтите симболизираат презир.

Не е изненадување дека розата е најпопуларен подарок за Денот на вљубените, зашто розите симболизираат љубов, романтика, убавина и совршенство. Со црвените нема да згрешите, зашо симблоизираат љубов, белите се за „срце кое не е запознаено со љубовта“, розевите значат грациозност, виолетовите маѓепсаност, а најмалку пожелни се жолтите, според Викторијанците симбол за неверност.

Герберите се познат симбол на убавината, чистотата и невиноста, а ги има во најразлични бои, и секогаш се примаат со задоволство.

tullip

Лалињата се симбол на совршена љубов, тие зрачат со удобност и топлина, и се едни од најпопуларните цвеќиња во светот.

Легендата за сончогледот вели дека кога шпанските истражувачи стигнале до Америка, мислеле дека сончогледите се направени од вистинско злато. Секако, згрешиле, па затоа овој цвет значи „лажно богатство“.