Почетна » Сештоманија » Хороскоп » Кој од хороскопските знаци најмногу ужива во зимата

Кој од хороскопските знаци најмногу ужива во зимата

Хороскоп

Овенот ужива во животот без оглед на временските прилики. Ни температурата на воздухот, ни снег до колена нема да го запрат во неговата замисла. Сака да се санка, да се тепа со снег и да прави снешковци – Овенот едноставного обожава снегот.

Биковите ја сакаат природата, па затоа омилени им се раните утрински прошетки во зима. Не сакаат да се санкаат или да играат со снегот, попрво би седнале покрај топол камин и би пиеле топол чај или чоколада и би ги гледале низ прозорец другите како се забавуваат во снегот.

Познато ни е дека Близнаците се знак кој се прилагодува, па им годи и сончање во лето и тепање со топки во зима. Романтична прошетка низ снегот или уживање во зимските игри за нив се идеално неделно попладне со семејството и пријателите.

Ракот е емотивен знак кој најмногу сака за зимските празници да биде со семејството, но снежните игри не се на високо место на неговата листа за забава. Повеќе време ќе помине под ќебе покрај телевизорот гледајќи стари филмови, отколку да биде надвор на снегот.

Лавот како огнен знак сака постојано да биде во движење и меѓу луѓе. Зимските радости се како измислени за него и тој излегува на снег уште кога ќе паднат првите снегулки. Идеален зимски одмор за Лавот се санкање, тепање со снежни топки и правење снешко со пријателите или соседите.

Сериозните и педантни Девици снегот не ги возбудува и радува. Тие не гледаат магија во снегот, туку само неред и чистење кое ги чека. Зимата е најомразеното годишно време на Девицата. Ужива само во добри божиќни колачиња покрај топлината на огнот.

Организираната Вага секогаш подготвено ја дочекува зимата. Топлата капа, ракавици, јакна и чизми се спремни за првите снегулки. Вагата ужива во снегот и снежните радости. Шетањето на свеж воздух и варено вино за неа претставуваат најголема радост.

И Скорпијата ужива во зимата. Неговата љубопитност излегува на виделина кога ќе тргне по улица која не е исчистена од снегот и ќе ги викне пријателите на борба со снежни топки. Ги обожава зимските спортови и секогаш со задоволство оди на некоја планина на скијање.

Зимата го буди детето во Стрелецот. Штом ќе падне првиот снег, тој е веќе надвор со полна опрема за борба со топки и санкање. Своите пријатели и роднини ќе ги наговара да излезат со него на снегот. Зимата е неговото омилено годишно време.

Иако Јарецот е вистински зимски знак, не ги сака зимските радости. Попрво ќе го помине денот на топло, на каучот покрај телевизорот со добра храна или ќе побегне на некое место каде што ќе ужива во сонцето, високите температури на сауните или топлите базени. Тој снегот ќе го гледа само низ прозорец.

Водолијата е првак во борба со снежни топки. Тој ужива во свежиот воздух, недопрената природа и снегот, па ќе се обиде своето семејство и пријателите да ги викне цел ден да уживаат во игрите на снегот заедно со него.

Рибите го сакаат снегот, но не заради снежните радости, туку затоа што можат да спијат цел ден. Тие ќе уживаат во зимскиот пејзаж, но само од својот топол дом. Покрај спиењето, Рибите многу уживаат и во семејни божиќни филмови и колачи.