Почетна » Сештоманија » Хороскоп » Кој е тимски играч, а кој сака да кажува вицеви?

Кој е тимски играч, а кој сака да кажува вицеви?

Хороскоп

Вашата страст и полет се рефлектираат и на вашата кариера, а според хроскопскиот знак секој различно се справува со работните предизвици и наоѓа среќа на своето работно место. Откријте кон што се стреми вашиот знак на работното место и како се однесува кон колегите и претпоставените.

Независниот и активен Овен, ако не е шеф, тогаш сигурно го презема водството над другите вработени, што сите го знаат и му го дозволуваат. Колегите знаат дека на Овенот можат да му веруваат дека ќе ја заврши работата како што треба, а тој ужива кога ќе ја покаже својата природна способност на водач.

Бикот, за разлика од Овенот не е водач, тој е следбеник. Тој сака стабилност и неочекувани работи можат да го исфрлат од колосек. Ако му се дозволи да ги заврши работите на свој начин, тој ќе го направи тоа. Заради стабилната природа, не му се допаѓа можноста да ја загуби работата, па вложува напори да ја задржи.

Близнаците се познати по својата енергија и авантуристичка нишка, и тие сакаат да добиваат предизвикувачки задачи на работа кои им го стимулираат умот. Исто така се многу комуникативни, па обично тие се тој еден вработен кој може да им го направи досадниот ден забавен на сите. Тие ќе останат на истата работа додека им е предизвик.

Емотивниот Рак обично работи во област каде што е дозволен изблик на чувства. Тој постојано се грижи за себе и за другите, што во професионална средина може да му биде голем адут, но и голем недостаток. Понекогаш е срамежлив и несигурен, но брзо се прилагодува, па не го плашат изненадни задачи.

Лавот, самоуверен и амбициозен, сака да го фалат и да му оддаваат признание за работата. Секогаш ги удвојува напорите особено ако задачата има придобивки. Кога работи сам на некоја задача има можност да и даде личен печат. Кога работи со другитој најверојатно ќе го преземе раководството на проектот.

Иако Девицата може да биде скептична во врска со своите способности, за тоа надоместува со тоа што е најсигурен вработен. Таа го следи распоредот до буква, и бидејќи е најпедантна од сите знаци, сите на работа и се обраќаат неа за мали работи, зашто кај Девицата ниедна работа не останува незавршена.

Вагата како знак која најмногу напредува во друштвено опкружување, често ќе ја најдете на работни места во кои има интеракција со многу луѓе. Најдобра е во групни проекти и заради својата дипломатска природа, го одржува редот и мирот за групата да може да ја заврши задачата.

Скорпијата е страстен работник, и заради тоа нема да ја најдете на место каде што не е страстно ангажирана. За разлика од Вагата, таа не е толку дружељубива и може да има недоверба кон луѓето, па најдобро работи кога е сама.

Стрелецот, за разлика од Девицата нема трпение за ментални задачи. Тој сака голема, предизвикувачка и по можност работа која ќе му овозможи да патува. Не е ни голем поборник на стабилноста, сака да ја менува дневната рутина и да се изненадува со нешто ново, па може да го најдете на работа која е постојано во движење.

Јарецот е полн со ресурси и секогаш подготвен да реши некоја задача. Како Бикот и Девицата, тој има беспрекорен распоред кој го следи и не сака големи промени во рутината. Но тој има и независна жичка, па сака да работи сам или да биде водач на задачата, затоа што најдобро работи кога е главен.

Водолијата е досетлива и паметна, па најдобро успева на работно место каде што нејзините идеи – и сериозни и смешни – се добредојдени. Но заради нејзината бунтовничка нишка, за неа е тешко да работи на задача со други. Таа верува во својата идеја и се држи до неа без оглед на се. Ако ја оставите на мир и се воздржите да и кажувате што треба да прави, Водолијата ќе биде најуспешна од сите знаци во извршување на задачата.

Рибите покрај тоа што се најчувствителни од сите знаци, тие и најмногу забележуваат. Нивната набљудувачка природа и креативноста им дава предност на работното место затоа што можат да бидат инвентивни. Заради нивната прилагодлива природа, можат лесно да работат сами или во група.