Почетна » Љубов » Раскинувањe » Кои се знаците кога тој сака да раскине?

Кои се знаците кога тој сака да раскине?

Раскинувањe

Ако во една врска нештата не се одвиваат како што треба, еден од партнерите ќе го побара својот пат за ослободување од неа.

Но, можеби некој несреќен сплет на околности ќе го натера да помисли дека има потреба од раскин, додека вие можеби не го делите тоа мислење. Понекогаш вреди да се знаат знаците кои мажите ги покажуваат кога се несреќни, за да можете да реагирате и да ги отстраните сомнежите.

1. Обрнете внимание која музика ја слуша
Доколку извесна песна се повторува на неговата плеј-листа, морате да го анализирате нејзиниот текст! Бидете фокусирани на нејзината порака, дали се пропагира независноста, разделбата или челичењето. Постојат многу песни кои се напишани за разделбите или пред тие да се случат, па кога процесот на идентификација кај него е на високо ниво, а песната е доказ за таквите негови мисли, сфатете ја пораката што ви ја упатува!

2. Слушајте го кога зборува за иднината
Можеби се потсмевате на некои негови идеи, макар се однесувале и на идеите за подарок на неговата мајка. Читањето меѓу редови е потребно за секоја ситница: дознајте каде сте вие во неговите планови. Употребата на зборовите како „ние“, „ќе направиме“, „заедно“ можат да ве смират.

3. Неговата реакција за време на секс
Не е убав знак ако неговите очи се постојано затворени, ако гледа во ѕид или неопределено. Сигнал може да биде и самата зажеленост за секс со вас, бидејќи можеби говорот на неговото тело ќе ви открие колку му се допаѓаат вашите допири. Алармантно е ако ги одбива вашите повициза милување и решава крстозборки или игра некоја игра, или пак молчи или се кикоти ако вие му речете дека го сакате.

Се разбира, ако си ја создавате сами фобијата, можеби и ќе се „задушите“ во читањето на знаците, па подобро е секогаш кога и да мислите дека има моменти кои треба да се надминат, да реагирате побрзо и да не чекате да дојде премногу доцна.