Почетна » Џет сет » Ѕвезди » Кои се петте најплатени светски модни дизајнери

Кои се петте најплатени светски модни дизајнери

ЅвездиМода

Коко Шанел имала право кога рекла „Најдобрите работи во животот се бесплатни, но вторите најдобри се многу скапи,“ судејќи според сензационалната заработувачка која секоја година ја остваруваат нејзините познати колеги од модната индустрија.

На петто место е фантастичното дуо Доменико Долче и Стефано Габана. Овој моден пар својата прва колекција ја претставил во 1985 година, но вистински подем доживеаја на почетокот од деведесеттите години, најмногу заради своето партнерство со Мадона. Нивните инвентивни и смели дизајни се сметаат за неопходни во двеилјадитите години, а нивната годишна заработувачка изнесува над 3 милијарди долари.

RenzoRosso

На четврто место е Ренцо Росо, по потекло од Венето, североисточна Италија, далеку од модната престолнина Милано, кој има годишна заработувачка од 3,1 милијарди долари, а се прославил на едно алтернативно поле, џинсот. Неговиот препознатлив бренд Дизел го добил името по горивото кое било популарно во нафтената криза во седумдесеттите години, кога и е основана компанијата. Денес, покрај тексас, овој бренд има и многу други работи, а сопственик е на повеќе помали модни куќи, како Марни и Виктор и Ролф.

miuccaprada

На трето место е Миуча Прада, најмалата ќерка на Марија Прада, која во 1978 година ја презеде истоимената компанија и ја претвори во светски признат моден бренд. Таа е многу успешна деловна жена и го има и својот моден бредн Миу Миу, кој е за луѓе со авангарден вкус и со префинети нови трендови. Нејзината годишна заработувачка изнесува 4,2 милијарди долари.

alphlauren

На второ место со 6,9 милијарди долари е Ралф Лорен, кој е роден во Бронкс, Њујорк, и уште од мал мечтаел да стане милионер. Почнал со продавање кравати кои ги правел со своите другари од клас, а неговиот европски стил во дваесеттите години го забележала луксузната стоковна куќа Неиман Маркус,  и станала негов прв важен клиент. Потоа, во 1967, тој ја основал својата компанија Поло Ралф Лорен, која сега е моќен дел од модната машина.

armani-giorgio

На прво место е неприкосновениот Џорџо Армани, чија модна империја владее на глобално ниво, а неговото презиме денес е синоним за висока мода. Инаку тој студирал медицина, а некое време бил и војник. Подоцна се вработил во стоковна куќа во Милано, каде што брзо бил препознаен неговиот талент, па почнал да работи како креатор. Прво работел во бутикот Нино Черути, а својата компанија ја основал во 1975 година. Денес оваа модна куќа инкасира по 7,5 милијарди секоја година.