Почетна » Семејство » Миленичиња » Кое милениче ви одговара според хороскопот

Кое милениче ви одговара според хороскопот

МиленичињаХороскоп

Сметате дека кучето е најдобриот пријател на човекот или мачките ви се први другарки? Ако не сте знаеле, за некои животни сте хороскопски предодредени.

Барате ново домашно милениче? Проверете кое крзнено пријателче најмногу ви одговара според вашиот хороскопски знак.
За големата енергија и желбата за авантура на Овенот, најмногу одговараат среќни, активни кучиња, а посебно кога се мали, па се постојано во движење, исто како вас. Бидејќи сте импулсивни, сигурно ќе најдете начин што поскоро да му дадете дом на секое животно кое ќе ве привлече, без оглед дали се работи за куче, мачка или игуана.
На Биковите им прилега слатко, бушаво куче кое лежи покрај нозете во недела наутро, или меко маче за гушкање кое ви преде под рака. Бидејќи вам миленичето ви е постојан придружник, подобро земете го од мало за да го научите да ве следи насекаде.
Бидејќи Близнаците не штедат на зборови, им одговара муабетџиски настроено милениче, како што е папагалот. Можат да им се допаднат и шарена змија или камелеон кој ги менува боите, зашто тоа ја задоволува нивната потреба за разноликост.
Ракот сака безбедност за себе и за своето семејство. Затоа сигурно ќе му се допадне добро куче чувар, кое ќе стане дел од семејството, ќе го штити и ќе му биде верно. Веројатно би им се допаднал и рак во аквариум, со кого ја делат особината да се повлечат во оклопот кога ќе се чувствуваат загрозени.
Ако сте Лав, сигурно имате посебен афинитет кон мачките, па ќе сакате горда и убава мачка која оди како да е на сцена и си го знае своето место во домот. Бидејќи сте ориентирани кон домот, би ви се допаднал и кокер шпаниел или златен ретривер (веројатно и заради густото лавовско влакно). И птица со величенствени пердуви како какаду или макао сигуно би го привлекла естетот во вас.
Девица е знак на добрината, па сигурно би земала милениче од засолниште за животни. Вам не ви пречи ни ако на животните им треба помош или многу одржување, па затоа добро соработувате со боксери и германски овчари, кои често имаат здравствени проблеми.
На Вагата и треба мир и хармонија во домот, агресивно куче или темпераментна мачка ќе предизвика стрес. Бидејќи таа бара рамнотежа во се и ја привлекува убавината, Вагата одбира друштвено животно како Кавалер Кинг Чарлс шпаниел, сијамска мачка или птица со светли бои која може да се истренира да биде друштвена.
Сложената, емотивна, интензивна и таинствена скорпија бара исто такво милениче. Мачка е повообичаениот избор, но може да се обиде и со убава и мистериозна змија, тарантула или кралска скорпија. Сепак најдлабоко и емотивно се поврзуваат со куче волчјак или германска дога.
За Стрелецот, најдобро милениче е среќно, пријателски настроено куче како златен ретривер, лабрадор, ласа апсо или ши-цу.
Ако сте како повеќето Јарци, веројатно сте често излезени од дома, па ви треба милениче кое не бара многу време или грижа. Со својата убавина и независност би ве фасцинирала персиска мачка, но ако се ежите од чистење влакна, подобро одберете милениче без крзно.
За Водолиите, со нивниот префинет вкус, одговараат необични или егзотични миленичиња. Ќе ви се допадне како ве гледаат и коментираат вашите пријатели кога ќе ви ја видат боата околу рамена или глушецот без влакна како ви ѕирка од џеб.
Кога станува збор за Рибите полни со љубов и разбирање, ретко има животно кое не сакаат да го донесат дома. Од заскитани животинчиња на улица до слатки кученца на излогот од некоја продавница за животни, секое ви прираснува за срце. Нема знак во хороскопот кој повеќе би сакал да плива со делфини, а и жабуркањето на аквариум со риби, покрај тоа што кореспондира со вашиот знак, исто така би ве смирило.