Почетна » Рецепти » Празнична софра » Класични медени колачи

Класични медени колачи

Празнична софра

Не дозволувајте да помине ниеден празник без старите добри медени колачиња, мирисни и ровки. Нема попривлечна арома од таа на свежо печени колачи, па уште ако се со мед и цимет…

Потребни состојки:

1 јајце

2 жолчки

250 гр шеќер

5 лажици мед

200 гр путер

500 гр брашно

цимет

1/2 лажичка сода бикарбона

1 лажица лимонов сок

Сите состојки се матат и се разделуваат на топчиња. Топчињата се редат во тава за колачи претходно намастена или покриена со мрсна хартија. Колачите одгорe се украсуваат со оревче или бадем и се печат во загреана рерна додека не заруменат.