Почетна » Сештоманија » Шопинг » Не е лага: Кина увезува воздух од Канада!

Не е лага: Кина увезува воздух од Канада!

Шопинг

Можеби ова ви звучи смешно, но деловниот потфат кој минатата година го почнаа Канаѓаните Трој Пакет и Мозес Лем се претворил во луксузен бизнис. Тие продаваат свеж воздух од Карпестите планини на националниот парк Банф во Канада, спакуван во лимени садови.

– Почна како идеја за шеговит подарок, но знаете што? Има голема побарувачка за него во многу загадените земји,- изјавил Лем за канадскиот печат.

Побарувачката за „свеж воздух во конзерва“ се зголеми со сериозните предупредувања за загадување особено во градот Пекинг, каде што заради високите нивоа на загаденост беа затворени училишта, извршени рестрикции во сообраќајот и индустриските активности и запрени градежните работи.

vitality_air-780x470

Воздухот е спакуван во алуминиумски конзерви, но и како спреј, а компанијата „Vitality Air“ од Едмонтон, Канада, ги продава по цена од 19 до 59 долари, во зависност од големината на садот. Можете да купите и пакет од неколку конзерви по пониска цена, а на секоја конзерва е закачена маска за да се олесни вдишувањето на воздухот.

– Нашата прва пратка од 500 лименки со свеж воздух беше продадена за четири дена,- рече Лем за весникот „Телеграф“. Освен тоа, неколку кинески дистрибутери пројавиле интерес да го дистрибуираат производот во маркетите низ целата земја.