Почетна » Џет сет » Музика » Кејти Пери ја пее химната на ЛОИ во Рио

Кејти Пери ја пее химната на ЛОИ во Рио

Музика

Музичката дива по тригодишна пауза се враќа во голем стил – таа ја пее химната за Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро. Пери откри дека е почестена што нејзината песна „Rise“ е одбрана за ова големо спортско натпреварување, затоа што тоа е песна чиј текст кажува дека секој може да даде се од себе и сите заедно да се воздигнеме.

Инаку, Олимпијадата во градот под 30-метарската статуа на Исус Христос почнува на 5-ти, а ќе трае до 21-ви август годинава. Погледнете како звучи Кејти во химната на ЛОИ 2016.