Почетна » Џет сет » Ројал » Војвотката Кејт чукаше на тапани

Војвотката Кејт чукаше на тапани

Ројал

Војвотката од Кембриџ го сподели своето божиќното расположение со децата од центарот за ментално здравје „Ана Фројд“ во северен Лондон. 33 годишната мајка на две деца најде време да им го разубави празникот и на овие малечки, кои возбудено ја пречекаа. Кејт прво им се придружи во работилницата за правење божиќни елки, за потоа да ја проследи музичката изведба.

KejtMidlton2

Дел од часот замислен како музичка терапија беше и изведбата на познатиот хит „We Will Rock You“ на култната британска група „Квин“. Кејт седна меѓу децата и 15 минути возбудено тропаше на тапани заедно со нив и  нивните родители. Видете дали Кејт го прави тоа како вистинска „кралица“.