Почетна » Семејство » Деца » Казна за родителите кои постираат слики од своите деца

Казна за родителите кои постираат слики од своите деца

Деца

Полицијата во Франција ги повикува родителите да не ставаат слики од своите деца на „Фејсбук“ затоа што со тоа ја загрозуваат нивната приватност и безбедност.

Властите ги предупредуваат сите родители кои учествуваат во некакви кампањи на „Фејсбук“ во кои треба да постираат слики со своите деца дека треба да ги заштитат децата. „Сите можете да бидете горди мајки и татковци на вашите прекрасни деца, но внимавајте. Ве потсетуваме дека постирањето фотографии на од вашите деца на „Фејсбук“ не е без опасност! Понекогаш, најдобрите моменти се тие кои заслужуваат да се споделат само во вистинскиот живот!“

Меѓу другите работи, полицијата смета дека фотографиите можат да привлечат сексуални предатори, а и да предизвикаат социјални или психолошки проблеми кај децата во нивниот понатамошен живот.

Еден експерт дури вели за францускиот весник „Ле Фигаро“ дека родителите можат да бидат и тужени од своите деца во иднина за нарушување на нивната приватност. Францускиот закон за приватност вели дека секој кој е обвинет за објавување и дистрибуирање слики од друго лице без негова согласност може да се соочи со максимум една година затвор и голема финансиска казна – а тука се вклучени и родителите.