Почетна » Семејство » Миленичиња » Кажете ѝ стоп на алергијата на домашни миленици

Кажете ѝ стоп на алергијата на домашни миленици

Миленичиња

Со чување на домашно милениче, добрите работи секогаш ги потиснуваат лошите. Но доколку сте алергични на нив, постои начин како сепак да чувате миленик.

Би се изненадиле кога би знаеле колку луѓе со алергии кои не би им го загрозиле животот имаат домашни миленици.

Сите мачки и кучиња можат да предизвикаат реакција кај луѓе кои имаат алергија. Поголема е веројатноста мачките да предизвикаат алергиска реакција иако постојат случаи кога луѓе се повеќе алергични на кучиња. Спротивно од верувањата на луѓето, сепак не постои одреден вид на кучиња или мачки кои не би предизвикале алергија, дури и видовите кои немаат влакна ги предизвикуваат истите симптоми. Крзното кое постојано се менува кај кучињата може да биде во помал процент причинител на реакција, а можеби тоа се случува поради тоа што кучињата почесто се бањаат и крзното им е понегувано.

Што треба да направите? Ако во вашиот дом на некој од членовите на семејството му е дијагностицирана алергија на домашни животни внимателно размислете дали можете да живеете со симптомите пред да доведете ново милениче во домот.

Одредете место во домот каде миленичето нема да има пристап, така тоа ќе безбедносна зона за личноста со алергија.

Бањајте го вашиот миленик еднаш неделно, со тоа ќе се намали нивото на опасноста за алергиска реакција. Користете шампон кој е наменет за вашиот миленик, доколку имате мачка таа може да се навикне на често бањање, но користете шампон за мачки.

Откријте го точниот извор на предизвикувањето на алергијата, не обвинувајте го веднаш вашето милениче. Повеќе особи кои имаат алергија на животни се чувствителни на повеќе алергенси.

Обидете се со третмани против алергија. Третманите најчесто содржат имунотерапија, антихистамински спрејови за нос или таблети. Доколку се пронајде вистинската терапија и доколку во домот добро се одржува хигиената, постои голема веројатност за лицето со алергија сепак да може без проблеми да живее со домашното милениче.