Почетна » Дива » Актуелно » Капсула за спасување на патниците при уривање на авион

Капсула за спасување на патниците при уривање на авион

АктуелноФеномени

Дизајнот на направата која спасува животи при пад или дефект на авион е на украинскиот аеронаутички инженер Владимир Татаренко. На видеото кое веднаш стана вирално се гледа како авион наскоро по полетувањето го започнува својот смроносен пад.

Но со системот на Татаренко со едноставно притискање на копче внатрешниот дел од авионот, кој всушност е капсулата, се одделува. Како што таа паѓа, сензорите за приближување до земјата ги активираат падобраните, ако капсулата паѓа кон земјата или перничињата за лебдење на вода, ако таа падне во вода.

Според описот, капсулата може да се одвои за помалку од три секунди, но дизајнерот вели дека е тешко остоечките авиони да се прилагодат на концептот, значи треба да се конструираат нови. Покрај тоа, бидејќи самата капсула ќе додаде на тежина, а со тоа и на потрошувачката на гориво, тие авиони треба да бидат мали до средни по големина.

Татаренко објаснува дека идејата не е нова, но конечно тежината на капсулата била намалена со користење на јаглеродни влакна, кои се лесен и цврст материјал.

Сепак, останува да видиме дали авионските компании ќе го прифатат овој изум, затоа што ваквите авиони би имале помалку седишта, а би трошеле повеќе гориво.