Почетна » Сештоманија » Телоговор » Какви ви се прстите, таква личност сте

Какви ви се прстите, таква личност сте

Телоговор

Забавувајте се со тоа што ќе проверите дали според обликот на прстот ви одговараат дадените особини. Најдете ја својата форма и видете дали сте точно опишани.

prst1

Ако имате ваков облик на прст, имате тенденција да ги криете чувствата и често сте меланхолични, се преправате дека сте посилни и понезависни отколку што сте.

Многу сте емотивни, но фер, и мразите лаги, лицемерие и измами.

Иако сте малку ексцентрични и арогантни, и не поднесувате многу работи, сепак имате големо срце и сакате да помагате.

Сакате да се смеете, па го правите тоа и кога не ви е толку смешно. Студени сте кон луѓето кои не ви се блиски, но сте многу емотивни кон своите најмили.

prst2

Ако имате ваков прст, не преземате иницијатива кога треба да им се обратите на луѓето.

Многу сте верни, и кога сте заљубени во некој, му го посветувате целото внимание.

Чувствителни сте, но не го покажувате тоа често, а кога ќе почнете некоја работа, сакате да ја завршите до крај.

Се плашите од повреди, и се преправате дека ви е добро кога сте сами, но всушност не ви е.

Ќе останете мирни дури и кога ќе се почувствувате незгодно заради нечие однесување. Изгледате како силна и независна личност, но всушност сте со меко срце и лесно е човек да ве повреди.

Сакате да мечтаете и секогаш замсилувате некој кој ќе ве разбере, ќе ве сака и ќе ви пружи се што сакате.

prst3

Ако имате ваков облик на прст, не сте злопамтило, едноставно ги игнорирате работите кои ве лутат.

Чувствителни сте и не сакате предизвици, значи не сакате да правите нешто што не ви е познато.

Го почитувате мислењето на другите, но сте големи егоисти, а сепак кога ќе се скарате со некого, први се извинувате.

Своите чувства и проблеми ги чувате само за себе. Сакате луѓетп да ви веруваат, но и да зависат од вас.

Имате меко срце кое лесно може да биде повредено, затоа кога некој ќе ви се извини, вие му простувате, зашто не можете да поднесете да не се согласувате со луѓето.