Почетна » Сештоманија » Телоговор » Каков сладолед сакате, таква личност сте

Каков сладолед сакате, таква личност сте

Телоговор

Можеби мислите дека ако нарачате ванила на другите ќе им изгледате како здодевна личност, но истражувањето на неурологот д-р Алан Хирш вели дека обожавателите на ванила се импулсивни, колоритни личности и идеалистични преземачи на ризик, кои се потпираат повеќе на интуицијата отколку на логиката.

Д-р Хирш, кој е основач на Фондацијата за лекување и истражување на мирисот и вкусот од Чикаго, Илиноис, користи различни психијатриски тестови и објаснува дека истиот дел од мозокот е одговорен и за личните карактеристики и за преференциите во однос на храната. Интересно е што д-р Хирш вели дека вкусот на вашиот омилен сладолед е воспоставен уште во детството и обично останува доследен низ целиот живот.

Љубителите на сладоледот од јагода, на пример, се интровертни, толерантни, посветени, а воедно и логичари и промислени.

Обожавателите на чоколадниот вкус пак, се склони кон флерт и заводливи, но исто и шармантни, драматични и лековерни.

mint

Луѓето што сакаат сладолед со вкус на мента и парчиња чоколада, како чоколатцата After Eight, се амбициозни, самоуверени, едноставни, но сакаат да полемизираат. Не се задоволуваат додека не најдат маана, но сепак, љубителите на ваквиот сладолед си одговараат едни со други.

Ако сте љубител на чоколаден сладолед со додатоци од разни јаткасти овошја, голема е веројатноста да бидете со агресивен однос, заради што можете да ги повредите тие околу вас. Сепак ги сослушувате луѓето и најчесто сте успешна личност.

Обожавателите на сладолед со кафе се драматични и живи, не се грижат за иднината, и живеат во моменталната страст, па затоа им треба постојана стимулација во романтична врска.

rainbow

Љубителите на замрзнатиот овошен сладолед во бои на виножито не се толку оптимистички колку неговиот изглед, но сепак се аналитични и решителни.

Луѓето кои сакаат страчатела се великодушни, компетентни и решителни, а оние што сакаат сладолед со путер и ореви се посветени, совесни и угледни, имаат високи стандарди за тоа што е добро, а што лошо и се плашат да не ги повредат луѓето.