Почетна » Дива » Кариера » Како започнуваат љубовните врски на работното место?

Како започнуваат љубовните врски на работното место?

Кариера

Љубовните врски на работното место можат да започнат прилично незабележително, со испраќање на емотивни симболи како што е на пример знакот за бакнеж.

Во поголемиот број на случаи, жените испраќаат (не)пристојни симболи, па дури 40 % од припадничките од понежниот пол се склони кон ваквиот начин на комуникација, додека тоа го прават само 10 % од мажите.

Проблемот во праќањето на вакви пораки е токму тоа што можат да бидат погрешно сфатени, одговориле поголемиот број од испитаниците.

Врските најчесто започнуваат така што таквите пораки се сфатени во сексуален контекст или како директен начин на флертување.

Повеќе од половина од испитаниците изјавиле дека започнале врска поради тие знаци, бидејќи во таков начин на комуникација се похрабри, а со тоа се и поблиски во директниот контакт.