Почетна » Љубов » Романтика и врски » Како сами да ги преживеете празниците?

Како сами да ги преживеете празниците?

Романтика и врски

Доколку обожавате да сте сингл за време на празниците, а и осаменоста ви годи, пробајте ги овие совети кои ќе ви помогнат да се чувствувате поосамено од било кога.

1. Фокусирајте се на врската која ја немате

Дали се чувствувате некомплетно бидејќи немате маж во вашиот живот? Познато е дека жените кои не се чувствуваат убаво кога не се во врска, најчесто не се задоволни од себе си. Да се биде сам, значи да се биде свој. Ако не се сакате себе си, секогаш ќе ви биде тешко да бидете сингл. Проблемот е во тоа што се обидуваме да најдеме некој и стануваме зависни од мислењето на другите.

Оваа година донесете одлука дека навистина ќе се потрудите убаво да си поминете. Наместо да се фокусирате на љубовта која ја немате, негувајте ја љубовта кон себе. Фокусирајте се на две работи кои навистина ги сакате кај себе и уживајте. Треба да знаете дека интимноста не е романса. Интимноста е  резултат на целосно отварање пред друга личност и прифаќање на своите особини какви и да се. Размислете со кои луѓе ви е најлесно да бидете свои и со нив поминете ги празниците.

2. Имајте високи очекувања

Дали ваша цел е да најдете љубов овој месец? Или вашиот сакан да живее со вас? Што ако тоа не се случи овој месец? Дали ќе мислите дека цела празнична сезона ви е неуспешна? Со поставувањето на високите очекувања, секогаш ќе имате голема причина да бидете несреќни.

Сакате ли да танцувате? Ако навистина го сакате тоа, одете сами или со пријателите.Сакате да читате книги? Најдете две книги кои ќе ги читате за време на празниците. Дали дружењето со пријателите ве прави посреќни? Тогаш, не седете дома.

Ако се одлучите сепак да останете дома, организирајте забава. Што велите за по една забава секој викенд?

3. Започнете со секс

На забава стоите сами, а изгледате прекрасно во вашите високи потпетици? Сакате да привлечете внимание? Секако дека ќе ви успее. Сигурно ќе добиете бакнеж или ќе заминете дома со таа личност.

Но проблемот не е во тоа дали сакате секс, сексот не значи и љубов. Ако вашата намера е да се заљубите, тогаш бидете отворени за нова љубов за таа да ви се случи.