Почетна » Дива » Мода » Успешен бизнис модел – манекенки за долен веш без „Фотошоп“

Успешен бизнис модел – манекенки за долен веш без „Фотошоп“

Мода

Уште во 2014, марката за долна облека и костими за капење „Aerie“ ја лансираше својата револуционерна кампања во која реши да употребува само вистински неретуширани слики од манекенките. Во 2015, компанијата имаше пораст во продажбата од 20 насто, а веќе во првиот квартал од 2016, зголемувањето е околу 32 проценти.

„Ние навистина мислевме дека девојките денес се понезависни и посилни од кога и да е. Едноставно знаевме дека ова ќе допре до новата генерација.“ вели Џенифер Фојл, претседател на „Aerie“ во интервјуто за „Business Insider“.

aerie3

Се чини дека со овој тренд на реално претставување на девојките „Aerie“ навистина ги погодиле женските потрошувачи, а и зошто да не? Како што вели едно од нивните мотоа на кампањата: „Како да постигнете да имате тело за бикини? Ставете бикини на вашето тело.“

aerie4