Почетна » Дива » Кариера » Како да се нашминкате за интервју за работа?

Како да се нашминкате за интервју за работа?

КариераЛице и тело

Разговорот за работа може да биде настан исполет со стрес, бидејќи покрај психичките подготовки, мора да внимавате и на својот изглед. И тоа е доста важно за идните работодавачи.

Прочитајте како да ја прилагодите вашата шминка за ваков настан.

Очи

Експертите советуваат дека најдобро е за шминка на очите да користите неутрални мат нијанси како што се кафеава или крем. Треба да избегнувате светкави сенки, бидејќи го одвлекуваат вниманието. Што се однесува за моливчето за очи, употребувајте кафеава или црна боја и нанесете го во тенка линија. Малку маскара и подготвени сте.

Усни

Препорачливо е на усните да нанесете безбојни сјаеви или балсами со малку боја, во нијансата која е слична со бојата на вашата уста. Колку и да го сакате црвениот кармин, во вакви ситуации треба да го избегнете.

Лак за нокти

Кога се работи за маникирот, исто така треба да се држите до неутралните бои или безбоен лак. Внимавајте на уредноста на ноктите, тие не треба да се премногу долги и премногу нападни, а исто така не би ви помогнале и нокти со шари.

Што ако аплицирате за некоја креативна работа

Многу жени се двоумат кога се пријавуваат за работно место кое бара поголема креативност, и во кое се подразбира строгиот работен стил. Првиот впечаток е важен, но во такви ситуации не треба да претерувате. Држете се до неутралните бои на очите, а можете да истакнете друг дел од лицето, како на пример усните.