Почетна » Љубов » Искуства и совети » Како да му помогнете на партнерот кој ’рчи

Како да му помогнете на партнерот кој ’рчи

Искуства и совети

Имате проблеми со заспивањето? Можеби за тоа е виновен е партнерот кој постојано ’рчи. Ова може да биде долготраен проблем, во кој загрозено е вашето време за одмор. Ако не можете да го постојано да го помрднувате вашиот пратнер, а правејќи го тоа да се будите, постојат неколку работи кој можат да ви помогнат.

Вежбајте заедно, така ќе се поврзите преку физичката активност, а губењето на вишокот килограми е добар начин за намалување на ’рчењето на вашиот партнер.

Замолете го партнерот да спие на страна. На тој начин ’рчењето е помалку нагласено, отколку при спиење на грб.

Партнерот нека избегнува конзумирање алкохол пред спиење. Алкохолот значително ги зголемува шансите за ’рчење.

Често купувајте нови перници, така ќе ја намалите шансата за одредени алергени кои можеби го предизвикуваат ’рчењето.

Доколку ниту еден од овие совети не ви помага, а вашиот партнер продолжува прекумерно да ’рчи (можеби и звучи како да губи воздух додека го прави тоа), треба да се консултирате со лекар.