Почетна » Семејство » Деца » Како да изградите здрави навики во исхраната на вашето дете

Како да изградите здрави навики во исхраната на вашето дете

Деца

Знаеме дека децата често се пребирливи кога станува збор за храната, но како да одолееме на нивното негодување и да ги научиме да се хранат здраво? Еве што треба, а што не треба да правиме.

Понудете повеќе опции: На пример, поставете со ручекот и супа и салата, па ако на детето не му се допаѓа главниот оброк, пак ќе има доволно добри опции за да не биде гладно, а седнувањето на маса да не се претвори во борба.

Пробајте различни начини на приготвување: Ако детето одбива да јаде варен зеленчук, обидете се да го ставите блендиран во супа или пире, или пак сервирајте му го со омилениот сос.

Погрижете се да нема одвлекување на вниманието: Децата повеќе ги интересира играњето од јадењето, па исклучете го телевизорот, телефонот и таблетот, за да може да се концентрира на храната.

Не паѓајте во искушение да дадете што било: Ако на детето не му се допаѓа послужениот оброк, не трчајте да му намачкате нешто само за да не биде гладно. Наместо тоа, кренете ја масата, а ако е гладно, понудете му овошје додека да дојде на ред следниот оброк.

Без закани и уцени: Нема потреба да прибегнувате кон такви мерки: „Ако не го изедеш ручекот, нема да добиеш десерт.“ Подобро објаснете му на детето дека ќе биде подобар спортист или полесно ќе учи ако се храни здраво.

Пуштете го детето во кујната со вас: Дозволете и тоа да учествува во готвењето или планирањето на оброците. Така ќе биде охрабрено да проба од тоа што помогнало да се направи.

Бидете му пример: Обично децата го следат примерот на родителите, па и вие внимавајте што ќе ставите во вашата чинија. Можете и да се забавувате со пробувањето нова храна, така што секој од семејството ќе проба и ќе даде оценка од 1 до 10 колку му се допаѓа. Сепак, ако гиучете ги додека се мали, ќе ви бидат благодарни кога ќе пораснат.