Почетна » Семејство » Во брак » Како да го зголемите либидото на вашиот партнер?

Како да го зголемите либидото на вашиот партнер?

Во брак

Со едно ново истражување, научниците откриле дека работата во дворот го поттикнува либидото на посилниот пол, но и ја подобрува изведбата во креветот.

Доколку имате двор замолете го вашиот партнер да се позанимава со него. Работата во дворот, не важно дали е садење на овошје или зеленчук или други работи позитивно влијаат на здравјето на мажите. Всушност, научниците од универзитетот во Виена докажале дека таквата работа со сигурност ќе го зголеми либидото кај посилниот пол. Тие тврдат дека само 30 минути работа во дворот, пет пати неделно го намалува ризикот од импотенција дури за 38 %. Слично позитивно дејство врз мажите го има и умереното возење на велосипед, брзо одење и танцување.

До сега беше познато дека здравиот живот и контактот со природата помагаат во проблемот со импотенција, но со ова истражување тоа е веќе докажано.