Почетна » Семејство » Бременост » Како да го погодите полот на бебето

Како да го погодите полот на бебето

Бременост

Ако не сакате да чекате или не му верувате доволно на ултразвукот, еве неколку забавни, а и помалку чудни начини да се предвиди полот на бебето.

Ве мачи неизнесноста дали ќе имате момче или девојче? Прочитајте како да пресметувате и да се забавувате додека очекувате 🙂
Ако стомакот ви е спуштен, ќе биде машко, а ако го носите високо, подготвувајте розева облека.
Кога вашиот гинеколог ќе го слуша малото срценце, прашајте дали е над или под 140 отчукувања во минута. Ако е повеќе од 140 тоа е знак за девојче, зашто кај машките обично е нешто под таа бројка.
Апетитот секако ви е зголемен, но ако ви се присакува сладолед, носите девојче, а ако сте за кисели и солени работи, тогаш е момче.
Според легендата, Маите го определувале полот на бебето според возраста на мајката и годината на зачнување. Ако двете се парни или непарни, ќе се роди дадичка, ако едниот број е парен а другиот непарен, ќе биде батко.
Можете и да се обидете со овој необичен тест. Ставете клуч пред бремената жена и речете и да го земе. Ако го фати за тесниот дел, ќе биде принцеза, ако го фати за тркалезниот дел, ќе се роди јунак.
Ако ви се појавуваат многу мозолчиња, се смета дека тоа е затоа што ќерката ја краде убавината од мајката.
Извадете ја бурмата (ако се уште можете) и врзете ја на конец. Држете ја над стомакот. Ако се движи во круг, син е на пат, ако прстенот оди горе-долу, доаѓа ќерка.
Со девојчиња исто така идните мајки најчесто имаат многу утрински мачнини, додека со момчиња полесно го минуваат првото тромесечие од бременоста.
Среќно со планирањето, а и ако не погодите, радоста кога ќе го земете бебето во раце е неизмерна, без оглед дали е момче или девојче.