Почетна » Семејство » Деца » Како да ги заштитите бебињата од алергии

Како да ги заштитите бебињата од алергии

Деца

Неодамнешно шведско истражување покажало дека родителите кои сакаат да ги заштитат своите бебиња од развивање алергија треба да се обидат со еден едноставен пристап за воведување на децата во светот на микробите: Едноставно ставете ја цуцлата во вашата уста пред повторно да му ја дадете на бебето.

Иако овој начин можеби не ви се чини привлечен, научниците откриле дека префрлањето на усните бактерии од возрасните на децата го тренира имуниот систем да ги игнорира бактериите кои не претставуваат закана за здравјето.

Според доктор Фердман, педијатар алерголог од Детската клиника во Лос Анџелес, целта на имуниот систем е да прави разлика меѓу безопасните и опасните бактерии, и ако не е изложен на доволно микроби, тој ги напаѓа оние работи кои не се штетни, како микроорганизмите од храна, мачки и прав.
Одамна е позната праксата родителите да ја стават цуцлата во уста пред да му ја дадат на бебето за да ја исчистат, затоа што плунката содржи компоненти на имуноглоблуин кој се бори против бактериите.
Но експертите сепак предупредуваат дека со истражувањето не се идентификувани точните микроби кои всушност родителите му ги пренесуваат на детето.
Затоа, препораката на д-р Фердман гласи: за да ги спречите појава на алергии кај вашите најмили, едноставно оставете ги да бидат изложени на светот, на нормалната микробна околина, дојте ги барем четири до шест недели и не изложувајте ги на секундарно пушење.